Author: saso

Турскиот гигант Галатасарај побара од УЕФА да му ги додели бодовите од мечот со Локомотив (Москва) од четвртото коло од групната фаза на Лигата на Европа. Средбата која се одигра во четвртокот заврши без победник, 1:1, но Турците сметаат дека се повредени фудбалските правила, откако судијата му додели два жолти картони на рускиот фудбалер Живогљадов, но не го исклучи. Галатасарај има намера да ја оспори одлуката и инсистира Локомотив да добие службен пораз.

Read More

Норвич го отпушти менаџерот Даниел Фарке, објави уште синоќа клубот од Премиер лигата. Веста доаѓа неколку часа по првата победа на тимот од 2-1 сезонава против Брентфорд. „Продолжувајќи да го бараме најдоброто за нашиот фудбалски клуб, оваа одлука не беше лесна“, рече спортскиот директор на Норвич, Стјуарт Вебер. „Знам колку беа решени Даниел и неговиот тим да успеат на ова ниво, но мислиме дека сега е вистинско време за промена за да си ја дадеме најдобрата можност да го задржиме нашиот статус во Премиер лигата“, додаде тој.

Read More

Поранешната ѕвезда на Милан, Андриј Шевченко треба да го замени Давиде Балардини, кој е под притисок поради лошите резултати на Џенова и најверојатно ќе добие отказ.  Џенова по 12 одиграни натпревари има само 9 бодови и раководството на клубот ќе го отпушти Балардини. Одлуката е донесена по синоќешното гостување кај Емполи кое заврши 2:2.  Шевченко ја водеше Украина до четвртфиналето на ЕП 2020, но потоа поднесе оставка. Џенова на легендарниот поранешен напаѓач ќе му понуди договор на 2 години.

Read More

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп призна дека по неговото заминување на кормилото на „галските петли“ сака да почне клупска работа. „Сакам да имам живот и по Франција“, изјави поранешниот тренер на Монако, Јувентус и Олимпик Марсеј, чиј договор со националната федерација истекува во 2022 година. „Искрено, не знам кој, но знам дека ќе биде и убаво. Секогаш постои можност да се вратам во клуб. Тоа е повеќе потреба што ја чувствувам за мојата глава и тело, да го кревам адреналинот. Денес ретко сум на теренот и не се чувствувам така“, изјави тренерот.

Read More

Новиот тренер на Барселона Чави испрати порака до симпатизерите на тимот. Легендарниот играч за врска на Каталонците во понеделник официјално ќе биде претставен пред навивачите на „Камп Ноу“, по што ќе одржи прес-конференција. „Почитувани поддржувачи, се враќам дома. Се враќам на местото каде што пораснав. Се враќам во клубот на мојот живот. Немам зборови да ги опишам емоциите што ги чувствувам од можноста да ја одбранам честа на овој амблем, кој е во моето срце. Ќе можам повторно да ги почувствувам вибрациите на Камп Ноу и да ги слушнам скандирањата на големите навивачи на овој клуб“, напиша Чави на Инстаграм.

Read More

Шампионот на УС Опен, Русинот Данил Медведев., по синоќешниот пласман во полуфиналето на Мастерсот во Париз, ја коментираше борбата со Новак Ѓоковиќ за лидерското место на АТП листата на крајот од сезоната. „Не размислувам за тоа. Ако го освоев Индијан Велс, можеби ќе бев таму. Со голема веројатност Новак ќе остане прв. Тој повеќе размислува за тоа. Можеби затоа дојде овде“. Како и Медведев и Србинот стигна и до полуфиналето во Париз и оваа недела си гарантира останување на првата позиција на АТП листата.

Read More

По вчерашниот пораз од 32-25, македонската ракометна репрезентација денеск аво Каиро ќе го одигра и вториот пријателски меч со Египет во рамкиите на ЕХФ неделата. И втората средба се игра во истиот термин, во 17 часот. Избраниците на Кирил Лазаров вчера одиграа одлични 40. минути против тимот на Роберто Парондо, но во завршницата имаа пад, кој на крајот се претвори и во убедлив пораз. Овие дуели за четата на Лазаров се и генерална проверка на тимот во очи на Европското првенство следната година. Македонија на ЕП 2022 ќе игра против Словенија, Црна Гора и Данска.

Read More

Вечерва во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра уште едно големо дерби на македонската кошаркарска сцена. На едната страна од теренот ќе се појави бранителот на титулата, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, а на другата, вечниот опонент – Работнички. По вкупно 157. пат во историјата ќе треба да одлучат, која од нив е подобрата во овој момент. Историјата вели дека Работнички има 91, а МЗТ Скопје Аеродром 65 победи во овие пресметки.

Read More

Селекторот на нашата фудбалска репрезентација Благоја Милевски, денеска и официјално го објави списокот на повикани фудбалери за последните две средби од квалификациите за СП 2022 против Ерменија (11.11.) и Исланд (14.11.). Милевски главно ќе се потпре на проверени сили, а единственото име е Валон Етеми, фудбалерот на турскиот второлигаш Истанбулспор. „Валон е селектиран уште во У21. Игра во одлична форма и од него зависи дали и колку ќе се наметне. Опција е за нас, а на него е да се наметне. Турската втора лига е силна и мислам дека тој заслужи повик во репрезентацијата“, вели Милевски. За престојните дуели напомена…

Read More

Поранешниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс го критикуваше играчот од средниот ред Пол Погба по мечот од Лигата на шампионите против Аталанта (2-2). „Погба треба постојано да се следи и тоа од некој, кого тој целосно го почитува, некој искусен. Колку години има тој? 28? Иако е искусен фудбалер, тој е еден од оние кои ќе останат исти и на 35 години. Тој ќе продолжи да прави глупави работи“, вели Сколс.

Read More