Author: saso

Барселона е подготвена силно да тргне по потписот на играчот за врска на РБ Лајпциг , Дани Олмо во јануарскиот преоден рок. Според ТВ каналот Еспорт3, каталонскиот клуб е подготвен да плати 70 милиони евра за 23-годишниот играч. Тој е приоритетна цел на Каталонците оваа зима. На последниот ден од летниот преоден рок, Барса и Олмо се договорија за 5-годишен договор, но клубовите не успеаја да се договорат за откупната цена.  Се очекува во блиска иднина клубот да започне преговори со Лајпциг. Актуелниот договор на Олмо со германскиот тим истекува летото 2024 година.

Read More
NBA

Бруклин официјално објави потпишување договор со Пол Милсап. 36-годишниот кошаркар на Денвер, следната сезона ќе биде дел од составот кој претендира да ја напрадне титулата во НБА лигата. Претходно, имаше информации дека Милсап очекува да добие најмалку 5,9 милиони долари за новиот договор со Бруклин, откако одби да потпише минимален договор со Денвер. Минатата сезона, четирикратниот Ол-стар учесник одигра 56 натпревари за Денвер со просек од 9 поени, 4,7 скокови и 1,8 асистенции.

Read More

Кошаркарскиот клуб Армани Милано се одлучи на необичен потег во пресет на новата сезона. Имено, според генералниот менаџер на италијанскиот кошаркарски гигант, екипата следнава сезона ќе има двајца капитени – Николо Мели и Серхио Родригез. Иако е практика тимовите да имаат капитен и заменик, во Милано одлучија да направат промена и Мели и Родригез ќе имаат иста титула. „Заедно ја донесовме одлуката да именуваме двајца играчи кои значат многу за овој клуб. Николо поради неговата историја, Серхио поради сe што претставуваше неговото доаѓање за нас. Ова не е симболичен потег, тие се пример за секого поради нивната професионалност и посветеност,…

Read More

Поранешниот возач на Формула 1, Нико Хулкенберг изјави дека не преговара со Алфа Ромео и дека нема да се врати во тркачката серија во 2022 година. Хулкенберг првично беше именуван како кандидат и за Алфа Ромео и за Вилијамс. Нико сега работи како експерт за германската телевизија. „Не, не преговарам со Алфа Ромео. Ова значи дека ја губам последната можност да се вратам во Ф1 во 2022 година, бидејќи сите други места веќе се зафатени. Но, животот продолжува. Имам интересни предлози од други тркачки серии и не брзам да донесам конечна одлука. Ќе ги решиме сите прашања, а потоа ќе…

Read More

Играчот за врска Марсел Забицер, кој се пресели од РБ Лајпциг во Баерн Минхен, ги сподели своите емоции откако направи трансфер во наголемиот германски состав. „Мразам да губам – татко ми го всади тоа во мене. Сакам притисок, сакам да чувствувам дека треба да направам нешто. Јас сум на вистинското место. Сакам да решавам натпревари и да земам трофеи. Многу ми е удобно во Баерн. Отсекогаш сонував да бидам во Баерн. Но, јас не добивам ништо само така. Работев напорно за да стигнам овде“, рече Забицер. Баерн Минхен го објави трансферот на Забицер од Лајпциг на 30 август. Минхенскиот клуб…

Read More

Македонската одбојкарска репрезентација ја заврши својата епизода на ЕП во Финска. По петте порази во групната фаза, одбојкарите се на пат за дома. Останува впечатокот дека не го покажавме нашиот максимум и дека нешто не функционираше како што треба. „Длабоките анлизите претстојат,  сега само можеме да зборуваме за првични импресии.  Јасно е дека треба да почнеме да работиме на создавање услови за да можеме да бидеме натпреварувачки порамноправни на наредното европско првенство на коешто ќе ја имаме улогата на коорганизатор“, вели претседателот на ОФМ, Петар Јовановски. Фактот што македонските одбојкари третпат по ред ќе играат на континенталните собири не е…

Read More

Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец, Мирко Ивановски денеска беше и официјално промовиран како нов член на романскиот гигант, Динамо Букурешт. Ивановски пред неколку дена беше потврден како ново засилување за составот од Букурепт, но се чекаше да се тргне забраната за трансфери, и официјално да стане дел од новиот клуб.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација, вечерва (20:45 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува Романија во меч од 6. коло во квалификациите за СП 2022. По двете ремија со Ерменија и Исланд, момците на Благоја Милевски вечерва ќе имаат „трета среќа“ за победа. Во Рејкјавик минатата недела имавме одлична шанса за победа, но и покрај водството од 2:0 на крајот зедовме само бод, што не донесе до четвртото место во квалификациската група „Ј“ со осум бода, еден помалку од вечерашниот противник. „Ова ќе биде комплетно различен натпревар од оној што го одигравме во Букурешт. Не мислам дека е решавачки. Се надевам…

Read More

Италијанскиот гигант Милан работи на потпишување нов договор со дефанзивецот на данската репрезентација, Симон Кјаер. Според информациите на италијанските новинари, „росонерите“ начелно му понудиле одлуичен договор на Кјаер со важност до 2023 година. Според новинарот Николо Шира, клубот веќе започнал преговори со 32-годишниот играч на данската репрезентација и наскоро се очекуваат првите информации околу ставот на данскиот капитен, кој влезе во последната година од договорот со Милан.

Read More

Откако вчера загубија од Хрватска во квалификациите за СП 2022 со 3:0 во Сплит, Словенците ќе го менуваат селекторот. Според шпекулациите во тамошните медиуми, Матјаж Кек е пред смена. „Дали се плашам од смена? Се плашам само од болести. Вакви работи се случуваат во фудбалот, нема што да се крие”, изјави Кек, кој најави разговори со челниците на Фудбалската федерација на Словенија. По шест одиграни кола, Словенците имаат седум бода во Х групата, шест помалку од водечкиот тандем, Хрватска – Русија.

Read More