Author: saso

Селекторот на Романија, Мирел Радои, во пресрет на денешниот меч со нашата фудбалска репрезентација, вели дека Македонија е многу добра селекција, со одлични индивидуалци. „Македонија е многу добра во поседот, со доаѓањето на новиот селектор. Тие имаат индивидуалци како Елмас, Барди, но секој од нив се става во служба на тимот. Ќе ни биде многу потешко отколку во Букурешт, тие ќе бидат поопасни. Секој играч сака да докаже дека заслужува да биде стартер. Променија четири системи во последните шест натпревари, а утре можат да се појават и во систем 4-3-3“, рече Мирел Радои.

Read More

Ерлинг Халанд стана најбрзиот Норвежанец кој постигнал десет голови за репрезентацијата од 1948 година, а исто стана и најмладиот играч досега во Норвешка што ја достигнал оваа граница. Халанд имаше хет-трик за Норвешка во победата од 5-1 над Гибралтар во вторникот и со тоа ѕвездата на Борусија (Д) сега има дури 12 гола на 15 натпревари за својата репрезентација, што го прави единствениот Норвежанец што постигнал десет голови по толку малку одиграни средби во последните 73 години. Халанд со своите 21 година и 48 дена стана најмладиот играч што постигнал десет гола за репрезенацијата досега.

Read More

А-фудбалската репрезентација на Македонија, по ремито 2:2 кај Исланд, веќе утре ја очекува нов меч во квалификациите за СП 2022. На прес-конференцијата пред мечот со Романија, селекторот Милевски ги искажа своите очекувања од дуелот на Националната Арена во Скопје. „Утрешната средба има свое значење, но и останатите четири ќе бидат важни. Играчите не само што се мотивирани, туку веќе и го заборавија Исланд. Мислите, концентрацијата и мотивите ни се насочени на Романија. Не можам да не ги пофалам момците за покажаното на двата дуели досега. Иако одработивме само неколку тренинзи, тие бргу ја сфатија филозофијата и начинот на работа. Нема…

Read More

Македонската репрезентација до 21 година денеска (16:00 часот) на стадионот “Билјанини извори” во Охрид ќе одигра натпревар против соодветната селекција на Србија во рамки на квалификациите за пласман на ЕП 2023 во Романија и Грузија. Предводникот на нашата репрезентација, Драги Канатларовски вели дека е извлечена голема поука од натпреварот со Франција кој го загубивме со 3:0 во Ле Ман. „Максимално сме фокусирани на дуелот со Србија. Момците се подготвени, работевме напорно овие неколку денови во Охрид, со цел подобро да огиграме на овој меч со Србија. Извлековме голема поука од натпреварот со Франција. Нема да ги повториме истите грешки. Фудбалерите…

Read More

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, уште еднаш ја критикуваше идејата за европска Супер лига. За време на Генералното собрание на Асоцијацијата на европски клубови во Женева, тој повика на обединување против плановите на отцепените Реал Мадрид, Барселона и Јувентус. Ова се трите клуба кои беа единствените што не ја напуштија Супер лигата откако проектот беше официјално објавен на 18 април. „Ништо нормално и очекувано не се случи во последните две години. Сакаме да се вратиме на нормалниот живот. За да го направите ова, ние мора да се обединиме против лицето на оваа срамна Супер лига. Не сакаме да го доживееме…

Read More

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на УС Опен, откако за два часа и 59 минути игра го совлада Џенсон Бруксби од САД со 1:6, 6:3, 6:2, 6:2. Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе се сретне со Матео Беретини од Италија, кој го исфрли квалификантот Оскар Оте во четири сета. За Новак ова беше 79-тата победа во Њујорк, со што успеа да се израмни со легендарниот американски тенисер Андре Агаси. Младиот, 20-годишен Американец му пружи повеќе од достоен отпор на Србинот, а вториот сет беше еден од најдобрите на турнирот.

Read More

Спортскиот директор на Салернитана, Анџело Фабиани, ја коментираше веста за евентуалното потпишување со поранешниот дефанзивец на Арсенал, Давид Луис. „Со Рибери, нашиот преоден рок заврши. Направивме доволно. Рибери е нашиот последен фудбалер, а веќе потпишавме со неколку одлични играчи“, изјавил Фабијани. 34-годишниот Бразилец во моментов е слободен агент откако го напушти лондонски Арсенал.

Read More

Манчестер Јунајтед ќе го подели надоместокот за трансфер на Кристијано Роналдо од Јувентус на пет години, објави на Твитер новинарот Фабрицио Романо. Манчестер Јунајтед има обврска да му плати на Јувентус 15 милиони евра за да го ангажира Кристијано Роналдо, но во рок од пет години. Исплатата ќе биде поделена на пет транш, по 3 милиони евра секоја година до 2026 година. Вклучени се и бонуси од 8 милиони евра. Се очекува Португалецот да ги исполни барањата за бонус од 5 милиони евра, а условите за уште 3 милиони евра се малку потешко остварливи, смета Романо.

Read More

Задар денеска е домаќин на финалните натпревари од тековната сеозна во СЕХА Гаспром лигата. По полуфиналните дуели пред два дена, денеска хрватскиот град ќе го даде и името на новиот регионален шампион. Во очекување на почетокот на мечот за 3. место и големото финале, во ексклузивно интервју за Спортското радио 90.3 фм, директорот на СЕХА лигата, Синиша Остојиќ, зборуваше за случувањата во лигата оваа година, за плановите и стартот на новата сезона, како и сите проблеми со кои се соочи СЕХА поради пандемијата на глобално ниво. „Цела година беше многу тешка. Овој Ковид ни ги промени животите и на жал…

Read More

Освојувачот на пет олимписки медали и шампион на 100 метри од Атина 2004, Џастин Гетлин, ја завршува кариерата на 39-годишна возраст. Светскиот шампион од Лондон 2017, кој во тоа време го победи и легендарниот Усеин Болт, го најави својот последен спринт. Американецот ќе и каже „збогум“ на атлетиката на 14 септември во Белинцона, Швајцарија. На последната трка на Џастин ќе се појави и Фред Керли, олимпискиот вицешампион од Токио на 100 метри, како и Андре де Грас, златниот на 200 и бронзен на 100 метри од последната Олимпијада. На Олимписките игри во Лондон 2012 година, Гетлин освои бронзен медал на…

Read More