Author: saso

Женската тениска репрезентација на Македонија од 8 до 13 април ќе настапи во Литванија како дел од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот. Македонските тенисерки лани на домашен терен триумфираа во Третата Европска зона и со тоа обезбедија пласман во повисок ранг. Селекторот Димитар Лабудовиќ за настапот во Литванија се реши за Македонија да играат: Лина Ѓорческа, Магдалена Стоилковска, Ива Данева, Ана Митевска и Теона Андова. Од петте повикани тенисерки единствена дебитантка е Андова. Мечевите ќе се играат во СЕБ Арена во Вилнус на тврда подлога, а има вкупно 11 репрезентации, кои ќе бидат поделени во три групи…

Read More

Инвазија на пчели го прекина мечот меѓу Александар Зверев и Карлос Алкараз синоќа на Мастерсот во Индијан Велс речиси 2 часа. Тоа се случи на почетокот на третиот гејм. Алкараз сервираше кога одеднаш цел рој пчели го опколија Шпанецот. Отпрвин само чекаше да се растераат, но откако пчелите доаѓаа се повеќе, Шпанецот истрча до столчето, а набргу потоа се упати директно кон соблекувалните. Го следеше и Зверев, а судијата им соопшти на гледачите дека натпреварот е прекинат поради наезда на пчелите. Организаторите повикале пчелар, кој се појави на теренот околу еден час подоцна. Во исто време, агентот на Алкараз, Алберт…

Read More

Македонскиот ракометен шампион Е. Пелистер денеска објави дека репрезентативниот голман Никола Митревски од следната сезна повторно се враќа во Mакедонија и ќе биде дел од битолските „зелено-бели“. Тој потпишал договор со битолчани на две сезони. Нашиот искусен чувар на мрежата ќе биде големо засилување за Е. Пелистер во наредната сезона.

Read More

26-годишниот дефанзивец Бен Вајт потпиша нов договор со „топчиите“. Тој му се приклучи на лондонскиот клуб од Брајтон во летото 2021 година и има 122 настапи во сите натпреварувања. Актуелниот договор на играчот е до летото 2026 година. Според Sky Sports, новиот договор со англискиот фудбалер е до 2028 година и вклучува опција за продолжување на уште една година. „Одлична вест е што Бен ја посветува својата иднина во клубот. Бен е клучен играч за нас, професионалец од највисоко ниво со победнички менталитет и еден од момците кои секој ден даваат пример за другите“, рече главниот тренер Микаел Артета.

Read More

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со победа стартуваше во првото коло на турнир Аламинос, Ларнака Кипар. Ѓорческа беше убедливо подобра против домашна тенисерка Марија Сиопача 2-0. Нашата тенисерка загуби само два гејма, 6-1 и 6-1. Во следното коло таа ќе игра со подобрата од дуелот меѓу италијанката, Паолети и французинката Јаничијевиќ која е осма носителка на турнирот. Овој турнир е со награден фонд од 25.000 долари, а Лина подоцна со Лола Радивојевиќ игра и во двојки 1.коло.

Read More

Италијанскиот мотоциклист Франческо Бањаја победи на премиерната сезонска трка во новиот Мото ГП шампионат. На патеката „Лусаил“, Бањаја со своето Дукати успеа да триумфира со вкупно време од 39:34.869 минути, кој многумина го окарактеризира како шампионско возење! Ова беше 18-та победа во кариерата за Бањаја во најсилната конкуренција. Бред Биндер го заврши натпреварувањето во Катар на второто место, додека Мартин кој тргна од пол-позицијата на крајот се искачи на третото место на подиумот. Големо внимание привлече и дебито на Марк Маркез, поранешниот светски шампион кој првата трка во кариерата ја возеше со Дукати и на крајот го освои четвртото место.

Read More

Хрватската скијачка Зринка Љутиќ направи уште едно изненадување освојувајќи го освои второто место на слаломот што денеска се возеше во Оре, Шведска. Единствената која беше подобра од Љутиќ е Американкаа Микела Шифрин, која беше надвор од терените шест недели поради повреда, но се врати со триумф во Шведска. Швајцарката Мишел Гисин денеска беше трета со 1,34 секунди заостанување зад Американката. Со денешната победа Шифрин го обезбеди малиот Кристален глобус, осмипат во кариерата.

Read More

Португалскиот стратег Жозе Мурињо, изјави дека е подготвен да започне со работа штом се појави соодветна понуда. „Сакам да бидам тренер, се надевам дека ќе се вратам многу скоро. Работењето во Рома беше неверојатно затоа што стигнавме до две европски финалиња за две години во клуб кој никогаш претходно не го постигнал тоа. Сега треба да го чекам вистинскиот момент. Подготвен сум да почнам да тренирам ако е можно уште утре, но не сакам да донесам лоша одлука“, изјави Мурињо.

Read More

Ракометарките на шампионот Ѓорче Петров загубија на првиот четвртфинален меч од Европскиот Куп против Елче во Шпанија со убедливи 36:21. Високиот пораз им остава малку надежи на нашите ракометарки за реваншот следната недела. Првото полувреме домашните ракометарки го добија со 14.10, но во вториот дел тотално доминираа и ја направија разликата за убедлива победа. Најефикасна во Ѓорче Петров беше Марија Јанкуловска со пет погодоци, а Анастасија Николовска постигна 4 гола. Реванш дуелот меѓу Ѓорче Петров и Елче ќе се одигра на 17 март со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Автокоманда“.

Read More

Според пишувањата на шпанска „Марка“, ПСЖ се заинтересирал за младиот талент на Барселона, Ламин Јамал и за него се подготвени да платат вртоглава сума пари. Наводно, парижаните се подготвени да одвојат дури 200 милиони евра, но Барселона сепак одбива секаква продажба на младиот фудбалер. Според Трансфермаркт, проценетата вредност на Јамал ​​е 60 милиони евра, а се очекува истата да достигне 100 милиони до крајот на сезоната. Барселона сигурно нема така лесно да се откаже од талентираниот младинец кој во јули треба да наполни 17 години.

Read More