Author: saso

Играчот за врска на Верона, Матија Закањи, може да биде промовиран во ново засилување на Милан во летниот преоден рок. Милан и Наполи тргна аво битката за потписот на 25-годишниот италијански играч за врска, но Милан во моментов е фаворит. Наполи се обиде да го ангажира Закани во јануари 2021 година, но Верона одби да го продаде овој свој важен играч во средината на сезоната. Милан преговара со агентот на Матија, а доколку не успеат да се договорат за продолжување на договорот со Хакан Чалханоглу, Закањи сигурно ќе биде ново име на Сан Сиро.

Read More

Денеска во Скопје, новиот селектор на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, го направи првиот собир со ракометарите повикани за двомечот со Данска. За новото исуство, Лазаров пред новинарите вели: „За мене како селектор на Македонија ова е деби. Двократниот светски првак и олимписки првак, селекцијата на Данска е наш ривал. Некомплетни сме, но очекувам во понеделник да се комплетира репрезнетацијата. Во контакт сум со играчите, некои се уште имаат обврски кон клубовите. Во понеделник 90% се комплетираме, само Жарко Пешевски доаѓа вечер и во вторник треба да бидеме сите тука. Имаме доста време да се подготвиме, затоа што и мечот…

Read More

Утрово на Европското атлетско првенство во сала кое се одржува во полскиот град Торун, свој настап на трката на 400 метри имаше нашиот единствен преставник, Јован Стојоски. Тој настапи денес на првиот ден од првенството во утринската сесија во втората од вкупно деветте квалификациски групи и оствари резултат 48.60 секунди, освојувајќи го последното, 6-то место во својата група.

Read More

Трката за Големата награда на Унгарија ќе се најде во календарот на Мото ГП шампионатот во 2023 година. Ова го потврди промоторот Дорна во четвртокот, откако и официјално беше потпишан договор со локалната самоуправа. Изградбата на патеката во близина на Дебрецин се очекува да започне во последниот квартал на 2021 година. Проектот ќе го води Габор Талмачи, кој ја освои титулата во класта до 125 кубни сантиметри во 2007 година. „Возев за мојата земја десет години во Мото ГП, и сега ја презентирам и на друго ниво – како експерт. Се надевам дека моето знаење и искуство ќе бидат корисни…

Read More

Македонската футсал репрезентација вeчерва од 18 часот се среќава со Србија во Врање во меч од 3. коло од квалификациите за Европското првенство. Нашата најдобра футсал селекција освои само бод на воведните два меча, откако загубивме со 2:1 против БиХ на гости, а на домашен терен одигравме 2:2 против Романија. За три дена во С.Ц. “Јане Сандански” ќе го одиграме и возвратниот дуел со Србија. Селекторот Васко Скендеровски за двомечот со Србија нема да смета на Даниел Де Соуса поради повреда, а неизвесни за настап се и Ранготов и Крстевски.

Read More

Со три меча од првото коло, денеск аи официјално почнува плеј-оф делот од ракометната Суперлига во машка конкуренција. На најуспешните тимови од првата фаза им се приклучуваат Вардар и Еурофарм Пелистер, кои оваа сезона настапуваат на три фронта. Во премиерното коло попладнево, екипата на Еурофарм Пелистер ќе го има отворањето на домашен терен против екипата на Струга, а по овој меч следуваат и преместките меѓу Тинекс Пролет и Металург, односно дербито на стартот меѓу Бутел и Охрид. Вечерва се игра и еден меч од плеј-аут делот. Екипата на Прилеп го пречекува Голден Арт КЛ7. РАКОМЕТ, СУПЕРЛИГА 1. коло ПЛЕЈ-ОФ 17.00…

Read More

Играчот за врска на Реал Мадрид, Лукас Васкез ова лето сигурно ќе го напушти клубот и ќе бара нова средина. 29-годишниот фудбалер не планира да го продолжи договорот кој му истекува оваа година. Наспроти ова, италијански Милан се заинтересира за Шпанецот, бидејќи „росонерите“ бараат офанзивен играч за врска, па во случајов Лукас би бил идеално засилување. Преговорите треба да почнат деновиве, а останува да се види дали фудбалерот на Реал е подготвен за трансфер во Италија.

Read More

Дефанзивецот на Ливерпул, Ендрју Робертсон, по поразот на тимот на натпреварот против Челзи синоќа  во рамките на 29. коло од Премиер лигата вели дека овој Ливерпул не е ни налик на оној од минатата сезона. „5 домашни натпревари без победа не е ниту близу до прифатлив резултат. Ние стануваме премногу досадни кога губиме со 1:0. Ливерпул не може да се потпре на минатото. Минатата сезона заврши, тоа е тоа. Ние не сме ни приближно добри како што треба да биде Ливерпул. Нашиот пад продолжува и ова не е добро. Остануваат сè помалку натпревари, треба да извршиме притисок врз екипите под…

Read More

Интер се надева дека ќе успее да го договори голманот на Јувентус, Матија Перин како ново засилување на лето. „Нероазурите“ бараат играч кој ќе биде алтернатива на капитенот Самир Хандановиќ. Јувентус е подготвен да го продаде голманот, а Интер се надева дека ќе биде постигнат договор за размена, во кој ќе може да го вклучи играчот за врска Матијас Весино. Перин моментално игра на позајмица во екипата на Џенова.

Read More

Ракометарите на Металург одиграа нерешено 27-27 против шпански Адемар Леон во вечерашниот дуел во Скопје од ЕХФ Европската лига. „Металурзите“ имаа константна предност во текот на целиот меч, но во финишот се бореа да се спасат од пораз. Во последните секунди од натпреварот, Металург погоди за реми, но воопшто немаше да биде незаслужено доколку нашиот преставник успееше и да слави против шпанската екипа. Серафимов беше најефикасен со седум погодоци, а пет постигна Калуѓеровиќ.

Read More