Почетокот на Австралија опен може да биде пролонгиран од јануари за февруари или март следната година поради ситуацијата со Ковид-19 во земјата, објави Хералд Сан.
„Сигурен сум дека ќе го одржиме Австралија опен на почетокот на следната година“, изјави Ендру Ендрус, премиер на државата Викторија.
„Точниот рок, деталите и мерките што ги воведовме сè уште не се донесени и веднаш штом се направат, со задоволство ќе ги споделам со вас“, додаде тој.
Организаторите засега не се достапни за коментар.