Австралија опен следната година со редуцирана посета и посебни протоколи

0

Организаторите на Австралија опен планираат да го организираат претстојниот турнир, кој ќе биде целосно безбеден, со многу помал број гледачи. Крег Тајли, првиот човек на австралискиот тенис, внимателно ја следи ситуацијата со УС Опен и Ролан Гарос, но веќе знае како ќе изгледа првиот турнир во 2021 година.

„Одлуката ја донесовме оваа недела и одиме со тоа сценарио. Посетата нема да можеме да ја оствариме како што беше минатата година, тоа е рекорд од 821.000 гледачи. Фановите ќе бидат од Мелбурн и државата Викторија, остатокот од Австралија и евентуално Нов Зеланд, доколку не постојат ограничувања. Оние 15 проценти од публиката, кои обично доаѓаат од остатокот на светот, нема да бидат присутни следната година“, рече Тајли.

Share.

Leave A Reply