Австриецот Винсент Крихмајер е победник на супервелеслаломот од Светскиот куп во алпско скијање, што се одржа денес во Кицбил (Австрија).
Претставникот на домаќините имаше скоро беспрекорно спуштање на скратената патека „Штрајф“ и ја помина патеката за 1:12,58 минути, што беше за 0,12 секунди пред Марко Одермат (Швајцарија). Трет денес беше Матијас Мајер (Австрија), кој заврши на 0,55 од својот сонародник. За Мајер, денешниот подиум е број три во Кицбил, оваа година, откако во петокот и во неделата заврши на второто и третото место во двата спуста.
По денешниот четврти од вкупно седум супервелеслаломи за сезоната, лидер во рангирањето за малиот глобус во дисциплината со 241 поен е денешниот победник Крихмаер. Програмата од Светскиот куп за мажи продолжува утре со ноќниот слалом во Шладминг (Австрија)