Хелмут Марко кој со неговите совети и размислувања има големо влијание во Формула 1, вели дека Себастијан Фетел нема иднина во Ферари. На трката во Сочи на Фетел му беше сугерирано дека мора да го запре болидот и да се повлече.
„Немаше потреба Ферари така да реагира и да ја решава трката, тоа само може да придонесе да се налутат возачите поради тимските наредби“ – вели поранешниот прв човек на Ред Бул.
„Ферари неколкупати го жртвуваат Фетел иако е најбрз на патеката. Поради тоа мислам дека тој нема иднина во екипата “ – вели Австриецот кој имаше успешна менаџерска кариера во Ф1.