Левиот бек на Австрија Давид Алаба нема да игра за националниот тим на својата татковина на неделното гостување кај Израел од групата Г во квалификациите за ЕВРО 2020.
26-годишниот фудбалер на Баерн (Минхен) отпадна од сметките на селекторот Франко Фода поради пробелми со мускулот, соопштија од фудбалската федерација на Австрија.
Алаба е најмладиот дебитант во историјата на австрискиот национален тим. Дефанзивецот ги одигра првите минути за репрезентативниот тим на земјата во октомври 2009 година – против Франција, а тогаш имаше само 17 години.
Во моментот Давид Алаба има одиграно 64 натпревари и постигнато 13 гола за селекцијата на Австрија.