Автомобилистичка сезона стартува од Водно на 10 јуни

0

Автомобилистичката федерација на Македонија денеска на прес-конференција го објави календарот на трките за сезоната 2018. Новата сезона стартува со ридско-брзинската трка на Водно на 9 и 10 јуни.

Во календарот за тековната сезона се вклучени 4 ридско-брзински трки, 4 кружни трки и 3 слаломски трки, но бројката ќе биде надополнета со уште една слаломска трка.

„Автомобилистичката федерација има ново раководство и со самите промени пристапивме на работа за натамошни активности на Федерацијата. Телата почнаа да функционираат, сите клубови делегираа свои членови и полека почнавме со работа. Донесени се нови правилници за следната сезона, а направен е и календарот за оваа сезона“, вели генералниот секретар, Александар Димушевски.

Share.

Leave A Reply