Азар чека понуда од европскиот шампион

0

Играчот на Челзи, Еден Азар, се договорил со луѓето од Реал Мадрид, објави Радио Монте Карло. Иако 27-годишниот белгиски фудбалер има договор со „сините“  до 2020 година,  медиумите сè повеќе шпекулираат дека ќе направи трансфер на  „Сантијаго Бернабе“.

Популарното спортско радио е убедено дека играчот од средниот ред веќе од наредната сезона ќе го носи дресот на „кралевите“.

Пред неколку недели неговиот татко отворено изјави, дека Азар чекал понуда од Шпанија и дека од таа причина не го продолжил договорот со англискиот клуб.

Share.

Leave A Reply