Еден Азар самокритичен вели дека неговата прва сезона во дресот на Реал (М) не ги исполни очекувањата. Белгиецот кој беше доведен како супер-ѕвезда на тимот, не успеа да ги покаже своите вистински квалитети.
„Мојата деби сезона во Реал беше генерално лоша, но имав неколку добри периоди. Ми требаше извесно време да се адаптирам. Од мене се зависи и за следната сезона. Мислам дека дури тогаш ќе можам да бидам реално оценет“, изјавил Азар во интервју дадено деновиве.
“Се надевав дека ќе се опоравам за Европското првенство. Разочаран сум што првенството е одложено, но од друга страна сега ќе можам да се подготвам и да бидам во оптимална состојба. Жал ми е за навивачите на Белгија кои ќе треба да чекаат уште една година“, дополни Белгиецот.