Белгискиот фудбалски репрезентативец, Еден Азар, во пресрет на средбата со Франција во 1/2 финалето на СП 2018, имаше ласкави зборови за младиот напаѓач на „триколорите“, Килијан Мбапе.
Фудбалерот на ПСЖ е еден од најзаслужните за пласманот на неговата земја во полу-финалето на Мундијалот во Русија. Затоа, Азар проценува дека Мбапе ја заслужува наградата „Златна топка“ која му се доделува на најдобриот фудбалер на Мундијалот.
„Го почитувам Мбапе бидејќи со само 19 години покажува врвен фудбал. Тој е потенцијален добитник на „Златната топка“ и според мене го заслужува тоа признание“ – изјави Азар пред утрешниот меч Белгија-Франција.