Азар излезе со пофални зборови за Жиру

0

Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Челзи, Еден Азар, откако со три погодока на вчерашниот меч со Кардиф им помогна на „сините“ да прокнижат значајни три бода, вели, дека имал голема помош од Французинот, Оливие Жиру, кој во два наврата беше асистент.

„Оливие е веројатно најдобриот напаѓач во светот. Кога ќе ја добие топката може да ја држи долго и да ни даде доволно време да појдеме во напад. За нас е големо задоволство што играме заедно со Жиру“ вели најдобриот стрелец на Челзи кој се осврна и на играта на тимот кога Мората е во првата постава или кога ќе влезе на теренот.

„Кога игра Алваро, се е поразлично. Мората е различен тип на фудбалер во споредба со Оливие. Секако и двајцата се играчи од прва класа и мило ми е што се во тимот”  – објасни како размислува Азар.

Share.

Leave A Reply