Неизвесно е учеството на напаѓачот на Реал Мадрид, Еден Азар, на мечот против Алавес, објавија медиумите во Шпанија.
Играчот може да го пропушти овој натпревар кој се игра во петок. Белгискиот фудбалер сè уште има проблеми и болки во зглобот.
Азар веќе ги пропушти натпреварите со Хетафе (1:0) и Атлетик Билбао (1:0). Беше објавено дека тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан не сака да го ризикува здравјето на Азар. Оваа сезона Еден Азар учествуваше на 19 натпревари за Реал Мадрид во сите натпреварувања, постигна 1 гол и 7 асистенции.
Реал Мадрид е лидер на табелата со 77 поени по 34 натпревари, а го следи Барселона со 73 бода.