Азаренка ја чека судската одлука

0

Белоруската тенисерка, Викторија Азаренка, ќе го пропушти турнирот во Окланд (Нов Зеланд). Таа ги информирала организаторите дека поради лични причини нема да може да учествува на собирот кој ќе започне на 1 јануари.

Тенисерката годинава се врати за кратко на теренот на крајот на јуни по раѓањето на синот Лео, но, подоцна беше вовлечена во судска битка со поранешниот партнер за старателство врз детето. До разрешување на случајот таа не може да ја напушти Калифорнија.

Азаренка, која е 210-а на светската ВТА листа, доби „вајлд карта“ за Отвореното првенство на Австралија кое ќе започне кон средината на јануари.

Share.

Leave A Reply