Азаренка остана без тренер

0

Некогашната најдобра тенисерка на ВТА листата, Викторија Азаренка, објави дека се разделила со тренерот, Мајкл Џојс.

Тандемот започна со работа откако Белорусинката по бременоста се врати во светскиот тенис, но, тоа не траеше долго. Професионалните планови на Азаренка пропаднаа поради семејни проблеми бидејќи мораше да се откаже од учество на „US Open“.

Азаренка која сега се наоѓа дури на  205-то место на листата на најдобрите тенсиерки најави дека наредната с езона ќе ја започне со настапот на турнирот во Оукланд во почетокот на наредната година. Таа последен пат беше активна на терените на „Вимблодн“ во месец јули годинава.

Share.

Leave A Reply