Македонскиот претставник, Ардијан Аземи, загуби во првото коло на Европското првенство во бокс кое се реалзира во Галати.
Тој во категоријата +80 кг беше елиминиран од Германецот, Миахел Торстен Доблер. Аземи боксуваше мотивирано и со голема желба за победа, но, не успеа да пласира прецизни удари што боксерот од Германија го искористи и забележа победа со 5:0.
За Аземи настапот на кадетското Европско првенство во Галати, Романија, беше одлична можност да собере искуство за наредните предизвици.