Светскиот рекордер на 100, 200 и 4х100 метри, Усаин Болт, кој во тимот на Централ Кост Маринос се обидува да направи фудбалска кариера, доби критики од поранешниот член на Ливерпул, Маркус Бабел, кој работи како тренер во шампионатот на Австралија.
„Во поглед на марктингот тоа е сензационален потег бидејќи лигата доби поголемо внимание благодарение на него. Сепак, го гледав како игра, со сета почит, тој нема да да биде добар ниту за 100 години“ – изјави Бабел.
Искусниот тренер кој седи на клупата на Сиднеј Вондерерс, претходно работеше и во германските бундеслигаши Штудгарт, Херта и Хофенхајм како и во швајцарскиот Луцерн.