Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, денеска за прв пат се појави пред новинарите откако го презеде кормилоот на Битолчани.
Неговите избраници утре на домашен терен ќе се обидат да ја анулираат негативата од три гола од првиот меч со Нексе и да влезат во 1 /4 финалето во СЕХА лигата. Доколку успеат во тоа, тогаш ќе ги очекува пресметката со Вардар.
„Ова е ново искуство за мене, нов тренерски предизвик во прекрасна и отворена земја како Македонија. Играчите добро тренираат, фокусирани сме на Нексе и подготвени за реваншот. Јотиќ и Маџовски влегоа во тренажен процес и ќе се најдат во ростерот. Можам да кажам дека мора да играме агресивна одбран“ – потенцираше Бабиќ пред утрешниот меч против Хрватите кој ќе биде одигран во спортската сала „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:15 часот.