Фудбалерите на Вардар со минимален пораз се враќаат во Скопје од првиот меч со Пјуник во квалификациите од Лигата на Европа. По мечот, шефот на стручниот штаб на Вардар, Бобан Бабунски на прес-конференцијата во Ереван ги искажа своите импресии од одиграниот натпревар.
„Знаевме дека ќе биде тешко, знаевме дека нè чека тешка задача, и така се покажа. Ова е само прв дел од овој двомеч. Се надевам дека во Скопје ќе се покажаме во подобро издание. Шансите и натаму се присутни, нема да се предадеме, ќе се обидеме добро да се подготвиме за реваншот и нормално посакувам резултат кој ќе нè однесе во следната рунда. На крајот честитки до Пјуник за победата“, истакнал Бабунски.
Реваншот меѓу Вардар и Пјуник е на програмата во четврток од 20 часот на „Националната арена Филип Втори“.