Барди за Спортско радио 90.3 фм: „Ние сме фаворити, треба да си ја играме нашата игра“

0

Македонската фудбалска репрезентација ги започна подготовките за првиот квалификациски натпревар за ЕП 2020 година, прв противник ни е селекцијата на Летонија , а еден од нашите стандардни репрезентативци Енис Барди во изјава за Спортско радио 90,3 потенцираше дека не е проблем што ја имаме фаворитската улога на оваа средба.

„Се гледа дека сите сме радосни што сме овде, сметам дека имаме многу голем потенцијал и сите доаѓаме на овој натпревар кој е почеток на квалификациите во добра форма. Поголемиот број на играчи играат и даваат голови и имаат асистенции. Мислам дека сега треба да се сконцентрираме на овој прв натпревар и да влезе со 100% затоа што сметам дека е многу важен овојмеч. Најважна е нашата игра, како ќе изгледаме на терен, а не како ќе игра противникот.Доколку се сконцентрираме на нашата игра мислам дека нема да има проблем“ ни рече Енис Барди.

Македонија е фаворит на овој натпревар, тоа го мисли и Барди:
„Да, но мислам дека тоа не е некој притисок, знаеме дека сега имаме голем потенцијал, ќе бидеме фаворити и против други репрезентации, но ние треба да си ја гледаме и да си ја вршиме нашата работа и ќе биде добро“ изјави Енис Барди во изјава за Спортско радио 90,3 ФМ.

Share.

Leave A Reply