Баерн без Робен против Бешикташ во Истанбул

0

Германскиот гигант Баерн Минхен ќе биде без Ариен Робен во реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите на УЕФА против Бешикташ.

Ова стана јасно откако баварците ја објавија својата група на фудбалери кои патуваат во Истанбул. Како што познато, тимот на Јуп Хејнкес го доби првиот меч помеѓу двата тима со 5:0 на „Алианц Арената“ во Минхен.

Според Баерн, 34-годишниот Робен добил одмор од тренерот. Поради повредите, натпреварот со Бешикташ го пропуштаат Мануел Нојер, Кингсли Коман и Корентен Толисо.

Share.

Leave A Reply