Баерн без Толисо против Вердер, можност да дебитира Нианзу

0

Лидерот во Бундеслигата, Баерн Минхен, нема да може да смета на играчот за врска Корентин Толисо за првенствениот натпревар против Вердер Бремен кој го играат утре.

Толисо се здоби со повреда на мускулот за време на обврските кон француската репрезентација оваа недела, објави тренерот на Баварците Ханзи Флик.

„Имаме проблеми во средниот ред. Кимих и Толисо се надвор од комбинација”, рече Флик.

Кимих веќе беше опериран на 8 ноември и ќе се врати во игра во јануари следната година. Новото засилување Танги Нианзу, кој пристигна во Баерн од ПСЖ во текот на летото, може да дебитира за Баварците. Нианзу се повреди во септември пред почетокот на новата сезона и утре за прв пат ќе биде во составот. „Нианзу е во групата за натпреварот. Тој тренира добро и ќе видиме како ќе се развива во следните недели”, рече Флик.

Share.

Leave A Reply