Баерн дефинитивно се откажа од Дибала, се насочува кон Сане и Дембеле

0

Баерн Минхен ја донесе конечната одлука да се откаже од идејата за привлекување на напаѓачот на Јувентус Пауло Дибала.

Аргентинецот беше еден од првите приоритети на германските шампиони, затоа што беа убедени дека тој ќе биде замена за Ариен Робен и Френк Рибери. Се чини, сепак, дека Баварците одлучиле да бараат други опции за засилување на својот напад по крилните позиции, пишува „Билд“.

Во моментов во Баерн, погледите се свртени кон Лирој Сане од Манчестер Сити и Осман Дембеле од Барселона. Двајцата играчи се подготвени да ги напуштат своите клубови во текот на летото, бидејќи немаат доволно шанси да играат. Поради ова, на „Алијанц арена“ се надева дека ќе може да земат барем еден од нив, а цената да не биде многу висока.

Во исто време, иднината на Дибала во Јувентус останува нејасна. Играчот е решен да остане во Јувентус и да се бори за своето место во тимот. До неодамна, се веруваше дека клубот бара купувач за Аргентинецот, но најновите информации го кажуваат спротивното. Новиот тренер Маурицио Сари имал разговор со играчот и му дал гаранции дека ќе смета на него во новата сезона и дека тој е важен дел од проектот што тој се обидува да го изгради. Сепак, според други гласини, Јувентус би можел да го искористи Дибала за привлекување на мауро Икарди од Интер.

Share.

Leave A Reply