Трансферот на Ренато Санчез во Лил е прашање на време, објави „Скај Германија“. Португалецот сака да го напушти Баерн Минхен, а според медиумите, ова би можело да се случи до крајот на неделава, откако раководството на двата тима постигнаа договор за можен трансфер.
Првично, на „Алијанц Арена“ требаше да добијат 25 или 30 милиони евра за Санчез, кои тие ги купија за 35 милиони пред три години, но на крајот ги намали нивните побарувања. Конечниот договор вреди 20 милиони евра, но и неколку бонуси.
Нико Ковач вчера на својата прес-конференција даде интересни коментари, велејќи дека го разбира незадоволството на Санчез, но додаде дека е казнет за не присуство на тренинг веднаш по мечот со Херта (Берлин). 22-годишниот Португалец игра во Баерн од 2016 година, поминувајќи една сезона на позајмица во Свонси.