До крајот на јануари Баерн Минхен сака да најде играч на позицијата десен бек, а за тоа ќе се обидат во Шпанија.
Весникот „Билд“, открива дека германскиот шампион, кој го има Џошуа Кимих на таа позиција, избира меѓу играчот на Реал Мадрид Одриозола и Нелсон Семедо од Барселона. Одриозола, 24-годишниот бек има одиграно само пет натпревари оваа сезона и сака да го напушти клубот.
Семедо дојде во Барселона од Бенфика во 2017 година и беше првиот избор на десниот бек на Каталонците оваа сезона, но по мала повреда на мускулот на последните неколку натпревари, тој се пресели на клупата. Шпанските медиуми пренесуваат дека Одриозола од Реал ќе оди на позајмица, а сакаат да го ангажираат и екипите на Севиља и Атлетик Билбао. Баерн сакаше да го донесе Семедо пред три години, но не беше подготвен да и плати на Бенфика повеќе од 30 милиони евра.