Голманот на Баерн (М), Мануел Ноер, ќе мора да ги пропушти натпреварите на својот тим во следните две недели, поради повреда заработена на мечот со Фортуна Дизелдорф овој викенд.
Според информациите од клубот, голманот најверојатно ќе пропушти најмалку две од петте преостанати средби до крајот на сезоната, оние со Вердер Бремен и Нирнберг.
Исто така, повреден е и дефанзивецот Матс Хумелс, кој ќе биде привремено ослободен од тренинзите, но засега не се знае каква е сериозноста на повредата и колку тој ќе паузира.
Баварците се вратија на првото место на табелата со 67 бода, но и натаму водат битка за домашната титула со Борусија (Д).