Баерн (М) тргна во потера по Белоти

0

Германскиот фудбалски гигант Баерн (М) ќе се обиде да го купи напаѓачот на Торино, Андреа Белоти во летниот трансфер период. Фудбалерот е желба на Карло Анчелоти, кој во него глед исклучително засилување за баварците во следната сезона.

23-годишниот Белоти има извонредна сезона во дресот на „биковите“ и веќе е на мета на бројни фудбалски агенти. Баварците веќе стапиле во контакт со неговиот агент и наводно се реализирани првите разговори.

Белоти има договор со Торино до 2021 година, а за евентуален трансфер пред истекот на соработката, Торино најави дека ќе бара 100 милиони евра. Баерн сигурно не е подготвен да ја плати целата сума, па останува да се види како ќе течат преговорите меѓу клубовите.

Share.

Leave A Reply