22-годишниот фудбалер на РБ Лајпциг, Упамекано, ќе добие понуда да го облече дресот на Баерн Минхен, изјави Генералниот директор на Баварците, Карл-Хајнц Румениге.
Тој треба да биде замена за Давид Алаба кој одби да ја продолжи соработката со клубот бидејќи очекува да направи трансфер во Реал Мадрид.
„Ќе ги решиме работите во одбраната не само со тој фудбалер, туку севкупно. Во сегашново време парите имаат значајна улога“ – вели Румениге.