Баерн Минхен сака да го купува Сане од Манчестер Сити

0

Германскиот тим Баерн Минхен кој најверојатно ќе ја одбрани титулата во Бундес лигата сака да го донесе напаѓачот Лерој Сане во германското фудбалско првенство, информираат медиумите во Англија.

Британските медиуми тврдат дека Баварците веќе започнале преговори со Манчестер Сити за трансфер на напаѓачот кој сака да биде незаменлив играч во неговиот клуб.

23-годишниот германски репрезентативец ќе врши голема работа за Баерн ако трансферот се случи ова лето. Тој се смета како можна замена на Ариен Робен и Френк Рибери, кој ќе го напушти клубот по крајот на сезоната.

Share.

Leave A Reply