Баерн Минхен се засили со млад дефанзивец од ПСЖ

0

Баерн на својата официјална веб-страница го објави новото засилување со дефанзивецот Танги Куаси од ПСЖ.

18-годишен француски фудбалер се приклучи на таборот на Баерн Минхен како слободен агент. Потпишаниот договор со Танги е со важност до летото 2024 година.

„Многу сум задоволен што можам да играм за Баерн. Ова е голем клуб со богата традиција. Се надевам дека ќе можам да се наметнам и да одиграм многу натпревари. Ќе работам напорно за тоа“, рече Куаси.

Куаси е дел од фудбалската школа на ПСЖ, а во првиот тим играше од минатата година. Оваа сезона дефанзивецот учествуваше на 6 натпревари од Француската лига 1, постигна 2 гола и доби 1 жолт картон. Со Парижаните, Танги Куаси стана шампион на Франција по предвере завршената сезона-2019/20 година.

Share.

Leave A Reply