Баерн Минхен заинтересерин за Товин од Олимпик Марсеј

0

Баерн пројавува сериозен интерес за една од ѕвездите на Олимпик (Марсеј) Флоријан Товин, а претседателот на францускиот клуб на оваа тема само изјави дека играчот може да биде продаван само при понуда која ќе биде помеѓу 100 и 150 милиони евра.

Досега, Баварците не стапиле во контакт со преставници од Олимпик Марсеј. 24-годишниот играч од средниот ред има 13 гола и 11 асистенции во 24 натпревари оваа сезона и не е воопшто чудно што се нашол меѓу посакуваните играчи од страна на Баерн, кој веќе размислува за да најде замена на ветераните на крилната позиција Ариен Робен и Франк Рибери.

Флоријан Товин има договор со Олимпик Марсеј до летото 2021 година.

Share.

Leave A Reply