Баерн му понуди 2-годишен договор на Манџукиќ

0

Баерн Минхен сè уште не се откажал од идејата за враќање на напаѓач на Јувентус , Марио Манџукиќ во своите редови. Агентот на фудбалерот ја презел задачата да го врати хрватскиот голгетер во Баварија.

Откако го договори доаѓањето на Перишиќ во Баерн, истиот менаџер сега сериозно се ангажира да го врати Манџукиќ во старата средина. Германскиот шампион е подготвен да му понуди на 33-годишниот Манџукиќ двегодишен договор и плата од 5 милиони евра по сезона. Во моментов, главна пречка за трансферот останува цената од 15 милиони евра, која Јувентус ја бара за него.

Доколку се постигне договор, Хрватот ќе се врати на местото каде беше меѓу 2012 и 2014 година.

Share.

Leave A Reply