Баерн урна рекорд во Лигата на шампионите

0

Со победата над Арсенал со 5:1 во првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, Баерн (М) постави нов рекорд. Баварците станаа првиот тим во најсилното европско клупско натпреварување кој успеал да наниже 16 последователни победи на домашен терен.

Последен пат, баварците имаат загубено пред своја публика на „Алијанц Арената“ во април 2014 година и тоа од екипата на Реал (М) со 4:0 во полуфиналето.

Синоќа и Реал (М) запиша рекорд. „Кралевите“, поточно го повторија своето најдобро постигнување за низа од 41 меч во кој успеваат да постигнат барем еден гол. Последен пат Реал не успеал да постигне гол на мечот со Манчестер Сити од полуфиналето на ЛШ минатата сезона на 26 април. Од тој меч, момците на Зидан нанижаа 41 меч на кој постигнаа 112 гола.

Share.

Leave A Reply