Баерн заинтересиран за Караско

0

Германскиот шампион Баерн го има зацртано белгискиот репрезентативец и лево крило на Атлетико (Мадрид) Јаник Фереира Караско како нивна идна трансферна цел, објавија денес германските медиуми.

23-годишниот фудбалер ги казни бавраците, постигнувајќи го победоносниот гол за Атлетико Мадрид против германскиот првак (1:0) во натпреварот помеѓу нив на „Висенте Калддеерон” од групната фаза на Лигата на шампионите оваа сезона. Баерн сепак трага по Караско одамна и планира да го привлече како наследник на Франк Рибери.

33-годишниот поранешен француски репрезентативец има договор со клубот до крајот на сезоната, но тој може и да биде продолжен. Јаник Фереира Караско е врзан со Атлетико до летото 2022 година. Тоа значи дека Белгиецот би го напуштил тимот од Мадрид само за сериозна сума.

Share.

Leave A Reply