Бах: Да престанеме со шпекулации, сите работиме на организација на ЛОИ во Токио

0

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, во средата изјави дека ИОК е целосно посветен на успешната организација на Летните олимписки игри во Токио оваа година, и покрај пандемијата со Ковид-19, но тој исто така побара трпеливост од сите учесници.

Иако поголемиот дел од Јапонија е во вонредна состојба поради третиот бран на инфекција, Бах рече дека сите се посветени на одржувањето на Игрите, кои треба да се отворат на 23 јули, откако беа одложени за една година поради коронавирусот. Бах рече дека какви било шпекулации за Олимписките игри во Токио, вклучително и оние за ново одложување или откажување, не се корисни.

Запрашан на виртуелна прес-конференција, по првиот извршен одбор на ИОК во новата година, во која фаза ќе размисли за откажување на Олимписките игри, Бах рече дека нема „да се занимава со шпекулации“.

„Нашата задача е да ги организираме Олимписките игри, а не да ги откажуваме. Затоа работиме дење и ноќе да организираме безбедни Олимписки игри. Не претпоставуваме дали игрите ќе се одржат. Работиме на одржување на Игрите“ , рече Бах.

Share.

Leave A Reply