Бах ја искоментира елиминацијата на Русија од ЗОИ

0

Откако Русија беше исклучена од учеството на Зимските олимписки игри во Пјонгчан, првиот човек на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах, ги отфрли шпекулациите дека станува збор за политичка одлука.

„Ние не дозволуваме да бидеме под влијание на политиката кога ги донесуваме одлуките во врска со спортот. Неутралноста за нас секогаш има клучно значење“ – нагласи Бах.

Зимската Олимпијада ќе биде реализирана догодина од 5 до 25 февруари во Јужна Кореја а дел од руските спортисти ќе може да се појават под знамето на ИОК под услов да добијат дозвола од матичните федерации.

Share.

Leave A Reply