Баку ќе биде домаќин на финалето во ЛШ во 2019 година

0

Финалето на Лигата на фудбалските шампионите во сезоната 2018/19 ќе се реализира на Олимпискиот стадион во Баку, Азербејџан, соопшти денеска шпанското издание „АС“.

Вториот кандидат, стадионот на „Атлетико Мадрид Метрополитано”, бил одбиен поради помалиот број на ВИП седишта на трибините. Домаќинот на големото финале мора да биде одобрен од УЕФА на 21-ви септември.

Финалето на Лигата на шампионите во тековнава сезона ќе биде одиграно на Олимпискиот стадион во Киев, Украина.

 

Share.

Leave A Reply