Балотели нема да игра додека не ослаби

0

Во пресрет на денешниот дуел со Рен, француска Ница го тргна Марио Балотели од првиот тим за да го натера италијанскиот напаѓач да се стави на диета. Поради прекумерна тежина, Балотели не е во составот кој ќе го одигра вчерашниот меч од 5. коло на Лига 1.

Голгетерот изгледаше очајно за време на подготовките и настапот за италијанската репрезентација деновиве, па многумина се запрашаа како тој можеше да добие шанса во тимот на Манчини.

Некои експерти веќе изглегоа со претпоставки дека балотели е близу до 100 килограми, што е огромен проблем за еден напаѓач. Се очекува во наредните денови тој да биде подложен на специјален режим во клубот, ако сака да ги корегира проблемите со тежината и да се врати во тимот.

Share.

Leave A Reply