Барди е горд што игра за Македонија

0

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, во интервју за „Суперспорт“ говореше што се случува во селекцијата пред историскиот меч со Грузија за пласман на Европското првенство.

„Јас сум Албанец и никој не ми го негира тоа, со гордост играм за Македонија. Во ниту еден момент не сум помислил дека сум направил грешка со одлуката да настапувам за македонската репрезентација“ – потенцираше македонскиот фудбалер.

„Сите сме тука со иста цел, да го добиеме мечот со Грузија и да го направиме тоа што досега не се случило во македонскиот фудбал“ – вели Барди во интервјуто за „Суперспорт“.

 

Share.

Leave A Reply