Барди е нов играч на Леванте

0

Македонскиот младински репрезентативец Енис Барди е нов член на Шпанскиот тим Леванте. Откако Леванте и Ујпешт постигнаа договор за услугите на Енис Барди тој од денес и официјално е најновото засилување за новиот член на Примера, објави шпанскиот клуб.

Барди претпладнево ги поминал задолжителните медицински прегледи и за тимот од Валенсија потпиша тригодишен договор со опција за продолжување за уште две години. Од она што беше објавено од страна на клубот , не се споменува сумата која Леванте ќе ја плати за нашиот репрезентативец, но се претпоставува дек аќе биде околу 1,5 милиони евра.

Енис Барди изминативе три години го носеше дресот на Ујпешт, притоа одигра 94 натпревари и постигна 22 гола. За нашата најдобра селекција дебитираше во 2015 година и досега има одиграно шест меча. Барди блезна на ЕП во Полска, каде беше најдобриот поединец во младата репрезентација на Макеоднија, а воедно беше и стрелец на два гола за нашиот младински тим.

Share.

Leave A Reply