Барди ќе игра во елитната конкуренција во Шпанија

0

Енис Барди кој беше рангиран меѓу најдобрите на последното европско фудбалско првенство во Полска за играчи до 21 година, ќе потпише договор со шпанскиот состав Леванте.

Нашиот репрезентативец кој го напушти унгарскиот, Ујпешт, денеска ќе ги реализира задолжителните медицински тестови пред да стави потпис на договорот со екипата од Примера дивизион. Трансферот  ќе изнесува 1,5 милиони евра а унгарскиот тим, ќе добие и 10%  доколку  Барди ја промени средината во наредниот период.

Голгетерот кој во дресот на нашата млада селекција на континеталниот собир во Полска имаше две реализации, беше избран и во идеалниот тим по групната фаза.

Share.

Leave A Reply