Голманот, Ник Пол, го продолжи договорот со Барнли, потврди денеска елитниот англиски клуб. Новиот договор на младиот фудбалер ќе биде до летото во 2023 година со опција да се продолжи за уште една сезона.
„ Мислам дека сум на вистинското место. Сакам да бидам тука и да работам секојдневно. Одлично се чувствувам во Барнли. Сакам да се подготвам добро за новата сезона” – коментира 27-годишниот голман кој ја лекува повредата на рамото.
Ник дојде во Барнли во 2016 година. Две години подоцна дебитираше и во англиската репрезентација. Во последната сезона Барнли заврши на 15. место во Премиер лигата.