Барнли направи рекорден трансфер

0

Ирскиот фудбалски репрезентативец, Роби Брејди, стана најскапиот играч во историјата на Барнли. 25-годишниот лев халф-бек потпиша со Барнли за 3,5 години за сума од 13 милиони фунти, која е рекордна во историјата на клубот.

Ирецот со преминувањето во Барнли се враќа во англиската Премиер лига откако досега играше за тимот од Чемпионшип дивизијата Норвич.

Брејди е второто засилување на Барнли во последниот ден од трансферниот период откако тимот успеа да го обезбеди и полу-дефанзивецот Ешли Вествуд од екипата на Астон Вила.

Share.

Leave A Reply