Барса ангажираше играч од САД

0

Американскиот кошаркар, Кори Хигинс, ќе го засили составот на Барселона. Тој по четири сезони поминати во рускиот тим ЦСКА Москва, најави дека кариерата ќе ја продолжи во гигантот од Шпанија.

Неговата плата по сезона ќе изнесува 1,7 милиони долари. 29-годишниот играч успеа да освои со „армејците“ две титули во Евролигата и три пати беше шампион на Русија.

Последниот пехар го подигна пред заминувањето во Барселона откако ЦСКА успеа да го совлада тимот на Химки во финалната серија во рускиот шампионат.

Share.

Leave A Reply