Барса без Палмарсон против Вардар

0

Големото засилување за Барселона од Веспрем,  Арон Палмарсон ја повреди левата нога и нема да биде дел од својата екипа на утрешниот дуел со Вардар, потврдија докторите на каталонскиот тим.

Исланѓанецот нема да може да игра и на натпреварите против Висла Плоцк и Кристијанштад во рамки од Лигата на шампионите (ЛШ), а под знак прашање ќе биде и дуелот со ПИК Сегед кој треба да го играат на почетокот на март. Палмарскон исто така ќе пропушти три или четири меча во шпанската АСОБАЛ лига.

Тренерот Чави Пасквал му даде шанса на Палмарсон на мечот против Бада Хуеска, а 27-годишникот ракометар одигра само неколку минути во првото полувреме, но не доби шанса во продолжението.

Натпреварот меѓу Барселона и Вардар, че се игра утре во „Палау Блауграна“ со почеток од 18.00 часот. Половина час порано ќе се игра и мечот меѓу Кристијанштад и Нант во групата каде се Вардар и Барселона.

 

Share.

Leave A Reply