Екипата на Барселона денеска ќе му биде домаќин на Реал Мадрид во кошаркарското ЕЛ –класико. Каталонците ќе ја искористат големата пресметка да го реализираат свечениот чин кога ќе го повлечат од употреба дресот со бројот 11 кој го носеше легендарниот Хуан Карлос Наваро.
38-годишниот ветеран се повлече од кошарката на крајот на претходната сезона откако помина една година во НБА лигата во екипата на Мемфис. Наваро е играч број еден во тимот на Барселона според остварениот ефект за три поени и во Евролигата.
Тој со Барса освои вкупно 35 трофеи на клупско ниво а има и десетина медали со националниот тим на Шпанија.