Барса гледа перспектива со евентуален ангажман на Лаутаро

0

Медиумите во Шпанија најавија дека екипата на Барселона можа да испрати понуда за играчот на Интер, Мартинез Лаутаро, кој со неговите 13 гола и три асистенции на 21 меч, веднаш им падна в очи на фудбалските гиганти од Европа.

Затоа не изненадува најавата дека тимот од Каталонија ќе се обиде да ја активира откупната клаузула на аргентинскиот репрезентативец која изнесува 111 милиони евра. Ќе потсетиме дека Интер за потписот на Лаутаро му плати на аргентинскиот Расинг скромни 25 милиони евра.

Доколку се остварат најавите, тогаш Лаутаро може да се пресели на „Камп Ноу“ и во догледно време да биде вистинска замена за ветеранот, Луис Суарез .

Share.

Leave A Reply